Тајрик Џоунс го засили Партизан во 2024 година, а и покрај тоа што се очекуваше да биде „само“ замена за Брендон Дејвис, центарот забележа огромен напредок па брзо стана и миленик на навивачите во „црно-бело“.
Сепак ситуацијата доби сосема различен правец оваа сезона во која од најомилен Американецот стана најомразениот кошаркар во Партизан предизвикувајќи незадоволство и на трибините, често влегувајќи во конфликт со навивачите, а и во соблекувалната.
Џоунс е на излезните врати на Партизан, но останува неизвесно која ќе биде неговата следна дестинација. Интерес покажаа Олимпијакос и Дубаи, овие вторите се подготвени и да го исплатат неговото обесштетување за ангажман, но во ситуацијата сега се вклучи и Барселона.
Шпанскиот евролигаш ја следи ситуацијата на Американецот во Белград, но за разлика од Дубаи не планира да „ќешира“ за негов потпис, туку како и Олимпијакос чека раскин на договорот со „црно-белите“, пренесуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

