Се појави нов Бекам на зелените терени, синот на Дејвид дебитираше во професионалниот фудбал

Фановите на еден од најголемите фудбалери, Дејвид Бекам можат да бидат среќни и задоволни, откако се обелодени веста дека синот на славниот Дејвид дебитираше во професионалниот фудбал.

Ромео Џејмс Бекам за првпат заигра професионален фудбал во дресот на Форт Лодердејл, клуб кој се натпреварува во третото по ранг натпреварување во САД.

Веројатно сега дојде време и наследниците на славниот Бекам да дебитираат во професионалниот фудбал. Синот Дејвид игра на позицијата десно крило, а во игра влезе во 79. минута. Настапи со дресот со број 11.

 

 

 

Се вчитува...