Џејдон Санчо нема да остане во Манчестер Јунајтед, и наскоро треба да го напушти клубот и да се пресели во друг клуб од Премиерлигата. Станува збор за Астон Вила, која во последен миг влезе во трката, и најверојатно ќе ја добие, со оглед дека англиското крило нема повеќе време за други опции.
Претходно Јувентус и Рома беа заинтересирани, интерес покажуваше и Борусија Дортмунд, меѓутоа Санчо на крајот не прифати ниту една од овие понуди. Сега Астон Вила му нуди „спас“, и голема е веројатноста да заврши на „Вила Парк“.
Санчо минатата сезона ја мина на позајмица во Челси, претходно беше како позајмен и во Борусија Дортмунд, а сега бара траен излез од „Олд Трафорд“ со оглед дека нема иднина за него во екипата од Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

