Се појави снимка од сообраќајката по која екс играч на Реал се бори за живот (вознемирувачко видео)

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и легенда на колумбискиот фудбал Фреди Ринкон, е тешко повреден во сообраќајка која се случила во градот Кали во Колумбија.

Ринкон од 1995 до 1997 година бил член на „кралевите“, минал низ црвено светло, по што на него налетал автобус кој во тој момент минувал на зелено. Во неговиот автомобил покрај него, се наоѓале уште три лица. Сите освен Ринкон минале со лесни повреди, а 55-годишниот поранешен играч сега е во болница во тешка состојба и се бори за живот.

„Вестите не се ограбрувачки, сега се е во божји раце. Фреди имаше операција која траеше 2 часа и 45 минути. Ситуацијата е тешка. Пред операцијата неговиот мозок беше на 4%, а ако остане жив ќе има тешки последици“, рече пријател на Ринкон.

Се вчитува...