Актуелниот број на фудбалски натпревари кои играчите од елитените првенства во Европа ги имаат во една сезона и воедно од година во година се зголемуваат е топ тема во светот на спортот веќе неколку години наназад. За истото говореа повеќе актуелни фудбалери и тренери, а последен од нив беше и асот на Реал Мадрид Аурелин Чуамени.
Французинот смета дека ритамот од 70, 80 натпревари во една сезона е преинтензивен за професионалните спортисти.
„Како играчи мораме да превземеме нешто за ова прашање. Мораме да ставиме крај на овој ненормален распоред. Навистина е тешко да играте по 70, 80 натпревари во една сезона. Ако сакаме да играме до 38, 39 години ќе биде тешко да издржиме во овој ритам“, изјави францускиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

