Навивачките групи од речиси цела Бугарија изминативе денови се солидаризираат со Кочани и цела Македонија во тагата по ужасната трагедија која го потресе регионот.
И навивачите на Пирин од Благоевград испратија порака со сочувство за настраданите од големата трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица, а околу 200 се повредени. На натпреварот против Марек Дупница на гостински терен истакнаа парола на која пишуваше „Кочани, тагуваме со вас“.
Претходно, пак, транспарент со поддршка и сочувствуво беше истакнат и на натпреварот меѓу репрезентациите на Бугарија и Ирска во Лигата на нациите. Тогаш, навивачите на Локомотив Пловдив кои истакнаа транспарент со сочувство до семејствата на сите настрадани во трагедијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА