Се повеќе пораки за одговорност: Де Толедо повика на свест, разум и верба во лекарите

Бразилецот од редовите на Вардар, Жозе Де Толедо се приклучи на кампањата што ја прават голем број познати спортисти. Тој на социјалните мрежи објави порака во која вели да бидеме одговорни и свесни за ситуацијата.

„Се соочуваме со тежок период и тоа во светски рамки. Важно е да бидеме обединети, одговорни и ориентирани кон заедницата. Да не релативизираме, да не ги кршиме правилата, да не паничиме. Верувајте им на оние кои се грижат за нас и грижете се за блиските. Заедно ќе ја добиеме оваа битка“ – напиша Де Толедо.

 

Се вчитува...