Грем Потер дојде на клупата на Вест Хем и веднаш се соочи со сериозен проблем откако „чеканите“ останаа без напаѓач во тимот. Последна главоболка за новиот стратег беше повредата на Никлас Фулкруг, откако германскиот репрезентативец доби шанса да ги покаже квалитетите, но не смао што не влезе во голгетерски ритам, туку и го повреди мускулот и сега го очекува пауза од најмалку еден месец.
Мајкл Антонио поради страшната сообраќајна несреќа ќе паузира уште девет месеци од терените, а проблем плус е што најдобриот фудбалер на Вест Хем, Џерод Боувен исто така има сериозна повреда поради која ќе отсуствува најмалку до месец март.
Во една таква ситуација, Потер ќе биде принуден да експериментира додека управата веќе интензивираше потрага за што поскоро да донесе нов напаѓач во тимот. Младиот Шпанец Џиу од Челси е една од опциите, како и Матис Тел од Баерн Минхен, двајца фудбалери за кои се размислува на шестмесечни позајмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА