Може лесно да се случи Реал Мадрид на следниот меч против Валенсија да има 19-годишен голман. Фран Гонзалес би можел да дебитира за „кралевите“ откако двајцата голмани се на листата повредени.
„Кралевите“ најпрво го загубија Тибо Куртоа, а сега на повреда се жали и Андреј Лунин, која ја добил на Куп натпреварот против Реал Сосиедад. Куртоа се повреди за време на репрезентативниот настап за Белгија.
Конечниот избор на голмани за натпреварот со Валенсија во сабота ќе „падне“ после утрешниот тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА