Лени Јоро, новото засилување на Манчестер Јунајтед, доживеа повреда во 33. минута на натпреварот со Арсенал кој се одигра во САД, и со тоа мораше предвреме да го напушти теренот.
Јоро стигна од Лил за 62 милиони евра, а сега го чека пауза, а колку време, останува да покажат прегледите. Францускиот стопер дојде како големо засилување за тимот од Олд Трафорд, како замена за Рафаел Варан кој си замина од Манчестер. На истиот меч се повреди и Расмус Хојлунд.
Натпреварот Манчестер го загуби со 2-1 во регуларниот дел, а потоа се изведуваа и пенали на кои Јунајтед триумфираше со 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА