На проблемите на Баерн Минхен со повредите на одбранбените фудбалери како да нема крај откако на листата на играчи на кои тренерот Флик нема да може да смета се приклучи и Хави Мартинeз. Шпанскиот интнернационалец мораше да биде заменет во второто полувреме од денешниот дуел со Волфсбург, а Флик по мечот обелодени дека повредата не е нималку наивна.
„Тоа е сериозен проблем на мускулот, првоата прогноза на лекарите е дека паузата ќе изнесува најмалку шест седмици. Секако дека тоа е голем проблем за нас“ – изјави стратегот на баварскиот гигант.
Среќна околност за Баерн е што ќе следи пауза во Бундес-лигата, а возбудувањата во германскиот шампионат ќе продолжи на 18 јануари, кога Баерн ќе му гостува на тимот на Херта.
Само за потсетување, баварскиот гигант веќе подолго време настапува без Суле и Хернандез, кои на стартот од сезонава заработија тшеки повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА