Се поврзуваше со гиганти, но Де Зерби заврши во Франција

Роберто Де Зерби со месеци се поврзува со најсилните европски клубови. Тој беше најавуван како можна замена за Јирген Клоп во Ливерпул, како наследник на Томас Тухел во Баерн и Чави во Барселона, но овие тимови на крајот се одлучија за други тренери.

Се зборуваше дека 45-годишниот тренер би можел да се врати во Италија и да ја преземе екипата на милан, но, сепак, на крајот ќе заврши во Франција. Тој се согласи да соработува со пропаднатиот гигант Олимпик Марсеј.

Тој во наредните часови ќе потпише тригодишен договор со овој клуб, а тимот од Велодром ќе плати шест милиони евра обештетување на тимот на Брајтон, иако Де Зерби своеволно си замина од клубот. 

Се вчитува...