Се правеше фраер на меч во женски фудбал, па си доби „бодичек“ од фудбалерка на Челси (ВИДЕО)

Женските фудбалски клубови на Челси и Јувентус одиграа без голови (0-0) во петото коло од групата А во Лигата на шампионите. Натпреварот кој заврши без голови, донесе една интересна ситуација во која се најде еден од фановите на домашниот тим.

Дечкото сакаше да се прави фраер, па им влезе на фудбалерките на терен и со мобилниот телефон почна да прави „селфи“. Откако некое време го исконтролираа, на една од фудбалерките на домашниот тим и пукна филмот па го „испрати“ на тревата младиот господин со еден „бодичек“.

 

 

Се вчитува...