Се предлага нов формат на Лигата на шампионите, англиските клубови веќе се против

Европското здружение на клубови подготви предлог нов формат за Лигата на шампионите кој би се активирал од 2024 година.

Најголемата промена е тоа што гледачите ќе имаат можност да гледаат многу повеќе натпревари, што ќе значи и многу поголема заработка за сите вклучени. Дури 21 натпревар ќе треба да се одиграат за да се стигне до трофејот во ЛШ, а новиот формат би изгледал вака:

  • Во групната фаза ќе учествуваат 32 клуба поделени во четири групи со по осум тим. Четирите најдобри од секоја група оди во нокаут фазата, а петтопласираниот од секоја група би имал сигурно учество во ЛШ следната сезона, додека шесто и седмопласираните би играле доигравање за опстанок во најелитното клупско натпреварување. Осмопласираните екипи би играле плеј-оф за влез во Лига Европа следната сезона.

Бројни клубови од Шпанија, Германија и Италија се согласуваат со овој предлог, но големата шестка од Англија, Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед и Арсенал категорично е против. Сличен предлог има и за форматот на Лига Европа, а веќе се подготвува и ново, трето, европско клупско натпреварување.

Со оглед на тоа дека англиските клубови немаат зимска пауза, нагласуваат дека се преоптоварени за да прифатат еден таков форма во ЛШ. И со еден таков формат сигурно би страдала Премиерлигата и останатите англиски клупски натпреварувања.

Се вчитува...