Се пролеа крв на прославата на титулата на Ренџерс – Полицијата едвај спаси жива глава во општа тепачка со навивачите (ВИДЕО)

Од забава и смеа до трагедија, вака помина прославата на 55-тата шампионска титула на Глазгов Ренџерс, која неочекувано ескалираше во голема тепачка, со многу крв на улиците, па заврши со голем број на уапсени навивачи.

Илјадници фанови се собраа на плоштадот „Џорџ“ во Глазгов со цел еуфорично да го одбележат првиот трофеј во првенството по пауза од 10 години, а хаосот почнал со меѓусебна пресметка на две навивачки фракции, кои почнале да фрлаат чадни бомби и пиротехнички средства едни кон други.

Полицијата реагирала итно, а бројката на повредени и на уапсени дополнително ќе биде објавена.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...