Се проширува скандалот за местенките во Белгија: Двајца македонски менаџери на удар, уапсен и агентот на Милинковиќ – Савиќ

Фудбалска Европа постојано е „бомбардирана“ со нови детали околу големата акција за сузбивање на активности со местење натпревари во Белгија. Во целокупната приказна во која најпрво беа уапсени поранешниот тренер на Бриж, Хрватот Иван Леко и српскиот менаџер Дејан Вељковиќ сега е уапсен и еден од менаџерите на ѕвездата на Лацио, српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Од целокупната акција на белгиските истражни органи не е исклучена и Македонија каде изминатиов период беа извршување претреси во одредени куќи на менаџери и фудбалери поврзувани со сомнителните активности.

Според информациите од македонското обвинителство, осомничени се и двајца македонски државјани кои учествувале во сомнителни финансиски трансакции поврзани со трансфер на фудбалери. Според меѓународната истрага се работи за двајца македонски фудбалски менаџери, од кои едниот е и поранешен професионален фудбалер.

Со оглед на фактот дека истрагата се уште трае, од обвинителството истакнаа дека наредниот период ќе бидат познати и многу повеќе детали околу целата акција. Комплетни информации за акцијата во Белгија има и Министерството за внатрешни работи на РМ. Од Фудбалската федерација на Македонија, пак, информираа дека тие немаат никаква информација околу случајот од Белгија а со кој, на некој начин, е поврзана и Македонија.

Се вчитува...