Се простува ли Манчини од тренерското место на Италија, стратегот имал долг состанок со фудбалерите!?

По поразот од Македонија во Палермо (0-1), селекторот на Италија, Роберто Манчини одржал долг состанок со фудбалерите пред кои побарал смиреност.

Италија на второ Светско првенство по ред не успева да се пласира, тоа не им се случило никогаш претходно. Овојпат на патот до Мундијалот ги сопревме ние. Италијанците во вторник играат против Турција која загуби од Португалија, но тој меч е обичен пријателски дуел, па не носи ништо важно.

Според „Скај Спортс“, Манчини состанокот го одржал на средина од теренот во тренинг центарот, тој не дал знаци на предавање по тешкиот пораз од Македонија.

Манчини бил мноу смирен и рекол дека сака да остане на функцијата, но главната улога ќе ја има Фудбалската федерација на Италија.

Некои медиуми сметаат дека ова можеби е говор на Манчини за да ги смири фудбалерите пред мечот со Турција, а кога тој ќе заврши би можел да си поднесе оставка.

Во понеделник е редовната прес конференција пред мечот со Турција, па се очекува тогаш Манчини да каже повеќе за неговата иднина.

Се вчитува...