НБА лигата во новата сезона може да добие нов супертим кој првенствено ќе има задача да ги сопре Денвер и Далас кои се предводени од балканските суперѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Тоа се очекува да биде Хјустон кој трга по услугите на Кевин Дурент, пренесуваат американските медиуми. Рокетс кој во своите редови ги имаат Алперен Шенгун, Џејлен Гин, Фред Ванвлит и Дилон Брукс целат кон ангажман на ветеран кој со своето искуство треба да ги вивне клубот до шампионската титула.
За трејд со Феникс, Хјустон собира повеќе пикови од првата рунда на престојните два НБА драфтови кои се поклопуваат со амбициите на тимот од Аризона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА