Фенербахче престојното лето го очекуваат бројни промени со оглед на тоа што раководството на клубот го изгуби трпението да чека резултати, поготово во моментите кога на клупата е Жозе Мурињо. Се најавува инвестиција од 100 милиони евра со која ќе се распадне „југословенската“ колонија во азискиот дел на Истанбул.
Имено, договорите на Един Џеко и Душан Тадиќ нема да бидат продолжени со што Босанецот и Србинот ќе бидат слободни да ја бираат новата средината. Нивите големи финансиски побарувања не се соодветнуваат со новиот план на клубот кој воедно цели и на подмладување на соблекувалната.
Ќе биде продаден и Доминик Ливаковиќ, хрватскиот чувар на мрежата кој оваа сезона го загуби местото меѓу почетните единаесетмина по стекнатата повреда. Неговиот следен трансфер се очекува да изнесува 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА