Се распаѓа „малата Југославија“ во Денвер, Јокиќ добива екстра засилување

Никола Јокиќ ја игра најдобрата индивидуална сезона во НБА лигата, во просек бележејќи трипл-дабл учинок, но српскиот центар не може сам да го предводи тимот од Колорадо до нов огромен успех.

Тоа го примора раководството на клубот на промени па на врвот на листата на желби изби искусниот ветеран Џими Батлер. 35-годишникот познат по шампионскиот менталитет е пред заминување од Мајами, а во Денвер веруваат дека со него ќе се вратат во битката за титула.

Но, преголемите примања на Батлер од 40 милиони долари, како и големите договори на Мареј и Портер Џуниор го компликуваат директниот трејд па во целата приказна треба да биде вклучен и трет кошаркар. Претпоставките се дека тоа ќе биде Хрватот Дарио Шариќ кој го засили тимот на стартот на сезоната.

Реализицијата на трејдот помеѓу три екипи треба да го прати Батлер во Денвер, Мајами да ги добие Портер Џуниор и Наџи, како и драфт пиковите од првата рунда во 2026 и 2031 година, Шариќ би заминал во Детроит.

Се вчитува...