Се распаѓа српската колонија во Ал Хилал, Милинковиќ-Савиќ се враќа во Италија

Голема е веројатноста дека летниот трансфер период ќе донесе заминувања на српските фудбалери од Ал Хилал. Покрај Митровиќ кој е трансфер желба на Манчестер Јунајтед, се очекува во Италија да се врати Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Договорот на Србинот со саудискиот клуб е со важност до крајот на сезоната во 2026 година, но Ал Хилал е подготвен за промена на средината на теренот со ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.

Според италијанските медиуми, Милинковиќ-Савиќ веќе води активни преговори со два италијански клубови – Интер и Лацио. Доколку го одбере вториот тоа ќе значи и враќање на добро познато место каде настапуваше од 2015 до 2023 година.

Се вчитува...