Кога во 2011 година го презеде ПСЖ, катарскиот милијардер Насер Ал-Келаифи истакна дека сонува големи работи со неговиот клуб и покорување на Европа.
„Сонувам големи нешта. Сакам да изградам тим кој ќе ја покори Европа. А за да стигнам до тоа мора да ги купам најдобрите фудбалери. Тоа и го правиме сега. Планот е во следните три години да бидеме шампиони на Франција и максимално конкурентни во Лигата на шампионите“ – рече тогаш Ал-Келаифи.
Но осум години и повеќе од милијарда евра потоа, ПСЖ е на раскрсница на која не знае повеќе каде. ПСЖ според тврдењата на најдоброупатените веќе се распаѓа. И самиот Ал-Келаифи во неодамнешното интервју за „Франц фудбал“ делуваше нервозно и несигурно околу иднината на клубот.
„Фудбалерите мора да станат свесни на својата одговоротно. Некои работи ќе мора да се променат. Нема да има во тимот повеќе никакви ѕвезди“ – рече Ал-Келаифи јавно порачувајќи му и на Нејмар дека ќе го продаде ако за него се добие соодветна понуда.
Таквиот истап на, инаку мирниот, Ал-Келаифи ги изненади и навивачите и француските медиуми кои сега тврдат дека сето тоа е само потврда за блискиот крај на клубот во оваа форма. Сите во ПСЖ се свесни дека нивниот проект, без разлика на 20 домашни трофеи, не успеа. И затоа следи откажување од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА