Најпријатното изнанедување на евролигашката сцена за сезоната 2024/25, дебитантот Париз имаше извонредна сезона во која беше блиску и до настап во плеј-инот на најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент па очекувано кошакарите го примамија интересот на најголемите клубови.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс се пресели во Панатинаикос, а во новата сезона голем ривал ќе му биде доскорешниот соиграч Тајсон Вард кој пак се пресели во Олимпијакос.
По повредата на Фал и најавените заминувања „од рекетот“, грчкиот тим ја активираше откупната клаузула во договорот на 27-годишниот Американец од 300 илјади евра.
Грчките медиуми информираат дека Вард веќе е во Пиреја и наскоро се очекува и официјално да биде претставен како нов кошаркар на „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

