„Се расплакав од среќа кога дознав дека ќе играм со Синер“

Американската тенисерка Ема Наваро вели дека се расплакала кога дознала дека ќе игра заедно со прворангираниот светски тенисер Јаник Синер.

На претстојниот Отворен турнир на САД, Наваро и Синер ќе играат во мешани двојки, кои ќе траат само неколку дена и ќе бидат во неделата пред почетокот на главниот ждреб на другите делови од турнирот.

„Возбудена сум што ќе играм. Ќе го гледам како ги игра сите удари и ќе бидам таму некаде на страната и ќе бранам, не знам, што и да е… Можеби ќе биде добро. Но, да – возбудена сум. Тој е неверојатен тенисер, секако, и мислам дека ќе се забавуваме играјќи заедно. Возбудена сум. Паднав на земја, плачев…“, изјави Наваро. 

Се вчитува...