Се „распука“ Хезоња – Реал го надигра Ефес, победа на Монако во француското дерби

Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Ефес во Истанбул, со 75-81, во 14. коло од Евролигата.

За Реал се истакна Марио Хезоња со 22 поени, четири скока и три асистенции, по него следуваа Треј Лајлс со 11 поени и пет скока, и Чума Океке со 10 поени и пет скока.

Кај Ефес се истакна Роланд Шмитс со 21 поен, три скока и две асистенции, по него Ерџан Османи со 18 поени и четири скока. Ајзеа Кордини исто така имаше двоцифрен број на поени со 10 поени, три скока и една асистенција.

Макаби Тел Авив триумфираше на гостувањето против Жалгирис со 65-83, додека Монако го победи Париз со 125-104 во француското дерби. Хапоел Тел Авив го победи Лион Вилербан со 87-80 со што се израмни на врвот од табелата со девет победи и четири порази, со Црвена Звезда и со Панатинаикос.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...