Баер Леверкузен оваа сезона е далеку од титулата во Бундеслигата. Ако минатата доминираше во Германија и ја заврши без пораз, во оваа тоа не е случај.
Иако ги задржа речиси сите играчи, сепак, оваа година Баерн Минхен се врати на доминацијата и е пред освојување на трофејот во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ исто така се пред елиминација од Лигата на шампионите, а сега е можно да почнат да ги губат клучните играчи. Долго време веќе има шпекулации за заминување на тренерот Чаби Алонсо во Реал Мадрид, а тоа може да се случи веќе следното лето.
Сега и играчите сакаат да си заминат. Прв кој побарал трансфер е Џереми Фримпонг. За него се заинтересирани големите клубови Реал Мадрид и Барселона, а ако неговиот тренер замине во Мадрид, можно е и тој да се упати кон главниот град на Шпанија.
Со оглед дека и заминувањето на најдобриот играч Флоријан Вирц е извесно по крајот на сезоната, се чини дека Баер Леверкузен ќе почне да го растура шампионскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

