Црвена звезда минатата сезона импресивно стигна до титулите во АБА-лигата и во српското првенство, само една победа им недостигаше на „црвено-белите“ да се пласираат во четвртфиналето од Евролигата, но финансиските проблеми придонесоа овој тим да почне да се растура.
Имено, во текот на вчерашниот ден таборот на Црвена звезда го напуштија двајца одлични кошаркари, капитенот Лука Митровиќ и американскиот бек Чарлс Џенкинс. Митровиќ својта кариера ја продолжува во германскиот шампион Бамберг, со кого во следната сезона повторно ќе биде дел од Евролигата, а Црвена звезда ќе заработи 220.000 евра како отштета за трансферот на својот капитен.
Што се однесува до Џенкинс, тој во следната сезона ќе биде дел од рускиот прволигаш Химки, кој се согласи да плати 100.000 долари како отштета за Американецот, кој исто така поседува и српски пасош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА