Манчестер Јунајтед влезе во победничка серија во Премиерлигата откако во 24. коло славеше со 3-0 против Лестер. До победа „црвените ѓаволи“ ги предводеше Маркус Рашфорд кој во 25. и 56. минута ја тресеше мрежата на Ворд, а конечниот резултат го постави Санчо во 61. минута.
Со денешната победа Манчестер Јунајтед се зацврсти на третата позиција на табелата со 49 освоени бода, осум повеќе од Њукаскл кој има и натпревар помалку, односно три бода до втората позиција на која се наоѓа лутиот градски ривал Сити. За Лестер пак ова е 12. пораз во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

