Се разведуваат Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер!?

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и екс фудбалерот Бастијан Швајнташјгер планираат да се разведат.

За ова пишува германскиот таблоид Бунте, повикувајќи се на извори „во телевизиските кругови“.

Според изданието, наводната разделба се случила уште пред два пред околу два месеци. Швајнштајгер, наводно, многу патува поради работа и живее главно во Минхен, додека Ивановиќ и нејзините деца остануваат во Белград.

Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во јули 2016 и имаат три сина: Лука (7), Леон (4) и Тео (1).

Се вчитува...