Се редат изненадувачки елиминации на Топ 10 тенисерите на Мастерсот во Шангај

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим лесно го победи Лоренцо Мусети во осминафиналето во Шангај.

Феликс, 13-ти на АТП листата, беше подобар од деветтиот играч на планетата со резултат од 6-4, 6-2. Канаѓанецот стигна до првиот брејк во петтиот гем, а во следниот гем спаси три брејк топки и со тоа го одби нападот на Мусети. Го доби првиот сет, а потоа целосно го скрши отпорот на Италијанецот со уште два брејка во вториот сет.

Феликс ќе игра против Артур Риндеркнеш во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај. Тоа ќе биде нивниот трет меѓусебен дуел, а првите два му припаднаа на Феликс, на Мајорка и во Синсинати оваа година.

Претходно, на турнирот изненадувачка елиминација доживеа уште еден тенисер од Топ 10 во светот. Седмиот светски тенисер Де Минаур од Австралија загуби од Португалецот Боргес (51-ви на АТП листата) со 5-7 и 2-6.

Се вчитува...