Се редат проблемите за Ерик тен Хаг

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не може да крене глава од проблеми. Покрај лошата форма на неговите фудбалери и постојаните повреди Холанѓанецот наскоро би можел да остане и без клучен човек во стручниот штаб, неговиот помошник Мичел Ван де Гаг.

Ван де Гаг е желба на Ајакс за прв тренер на тимот по отказот на Морис Стајн и во него се гледа како некој кој со своето искуство може да ја спаси сезоната на најтрофејниот холандски клуб кој во моментот е на претпоследното место на табелата.

Според информациите на англиските медиуми ниту Тен Хаг ниту раководството на Манчестер Јунајтед сака помошникот да замине од клубот.

Се вчитува...