Се редат скандали во шпанскиот фудбал: Новиот претседател на федерацијата призна дека навива за Реал Мадрид

Новиот претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз, Рафаел Лузан, призна дека навива за Реал Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Лузан минатата недела беше избран за нов претседател, а една од првите обврски што ги имаше беше патувањето во Доха, на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп.

Шпанскиот весник Спорт ја пренесе изјавата на Лузано од Доха во која тој го изразува своето воодушевување од претседателот на Реал, Флорентино Перез.

„Ќе се обидам да се сретнам со претседателот Флорентино во Доха и во исто време да му се ставам целосно на располагање. Сите ние кои навиваме за Реал Мадрид сме презадоволни како се управува со овој клуб“, изјави Лузан.

Тој додаде дека фудбалскиот клуб Реал Мадрид е „најдобриот амбасадор на Шпанија во светот“.

Лузан доби четиригодишен мандат, но чека резултат од судски спор. Тој би можел да добие суспензија, поради тоа што е осомничен за малверзации додека бил член на Советот на Понтаведре.

Се вчитува...