Голманот на репрезентацијата на Србија, Вања Милинковиќ-Савиќ во текот на слободен ден направил инцидент во Минхен, пренесува српски Телеграф.
Како што пренесува порталот, тој се степал со еден српски навивач. Сето тоа се случувале помеѓу натпреварите со Словенија и со Данска, кога селекторот Драган Стојковиќ им дал слободен ден на играчите.
Според пишувањето на „Телеграф“, голманот излегол во Минхен во кафуле во кое излегуваат многу српски државјани, по што еден навивач му се обратил дека не треба да биде тука, туку во карантин. Веднаш следувала реакција од Милинковиќ-Савиќ, па го пцуел и на крајот го удрил навивачот.
Сопственикот на кафулето го потврдил инцидентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА