Тренинг центарот „Петар Милошевски“ кој е во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ на Фудбалската федерација на Македонија, доживува комплетна реконструкција.
Се обновува тревната површина на еден од терените во близина на зградата на федерацијата. Се поставува нов тревник, нов паркинг простор и пристап до трибините.
„Го обновуваме нашиот тренинг центар „Петар Милошевски“. Целосно го реконструираме теренот број 1 – со дренажа и нова тревна подлога. Дополнително, направивме нов паркинг простор и пристап до трибините на теренот 2 и нов визуелен изглед на центарот. Создаваме современи услови за развој и работа на сите наши национални селекции“, информираше претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

