Се сеќавате на Роби Фаулер: Поминаа 18 години од најлудата прослава на гол (ВИДЕО)

3 април 1999 година. Роби Фаулер, напаѓачот на Ливерпул, му даде гол на градскиот ривал Евертон, и тргна во најлуда прослава на погодок во историјата. Поминаа 18 години, и тоа се уште е една од најлудите прослави на погодок во историјата на фудбалот.

Роби Фаулер клекна на тревата и симулираше дека зема дрога, шмркајќи ја линијата од теренот.

„Признавам, работите излегоа од контрола, но бев млад и глупав. И си ја добив заслужената казна“, вели Фаулер.

За оваа реакција, тој беше суспендиран на четири натпревари и заработи дополнителна парична казна. Но, најлудата прослава на гол се раскажува и 18 години подоцна…

Се вчитува...