Се што треба да знаете за историскиот НБА Куп (ВИДЕО)

Во сезоната 2023/24 за прв пат во НБА лигата ќе бидат доделени два шампионски трофеи откако раководството на најсилното кошаркарско превенство ja потврди организацијата на Купот.

Претходно сите 30 тима ќе се сретнат во групната фаза каде победите и поразите воедно ќе се бројат во првенствениот дел. Тимовите ќе бидат поделени во шест групи, по три од Источната и три од Западната конференција со тоа што секоја група ќе брои по пет тима кои ќе одиграат по еден меѓусебен натпревар, два дома и на два на гостински терен од 3. до 28. ноември.

Во елиминацискиот дел ќе се најдат осум екипи, најдобрите шест – освовјувачите на групната фаза и двете најдобро пласирани на втората позиција со тоа што значење ќе има и кош-разликата.

Четвртфиналето ќе биде на еден натпревар, а пласираните екипи во полуфиналето завршницата ќе ја одиграат од 7. до 9. декември во Лас Вегас. За сите учесници во елиминациската фаза предвидени се и парични награди со тоа што кошаркарите од екипата освојувач ќе добијат по 500 илјади долари.

 

Се вчитува...