Далеку е овој Вардар од можност успешно да и парира на актуелната Шкендија која цврсто гази во новата сезона од елитниот шампионат на Македонија. Демонстрација за сето тоа беше денешниот дерби натпревар од 9. коло во ПМФЛ.
Вардар и во 13-от меѓусебен едноподруго натпревар не успеа да дојде до триумф против тетовци, запишувајќи повеќе од убедлив пораз на арената „Тодор Проески“ од 1-5. Се што Вардар успеа е единствено да ја налути Шкендија со водството од 1-0 во 11. минута со голот на Јован Попзлатанов. Потоа се беше во знакот на момците на Ернест Ѓока. Два гола на Валон Ахмеди, по еден на Бесарт Ибраими и Енур Тотре како и деби-погодокот во црвено-црниот дрес на Флорент Рамадани за триумф за паметење за лидерот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА