Се скара со Роналдо, сега ќе му биде селектор на Левандовски

Фернандо Сантош се наоѓа пред промоција за нов селектор на Полска, откако доскорешниот селектор на Португалија експресно си најде нов ангажман. Стручњакот што освои европска круна со Португалците во декември се најде во центарот на вниманието по конфликтот со Кристијано Роналдо, откако го остави најдобриот португалски фудбалер на клупата на почетокот од натпреварите во нокаут фазатa, па по неуспехот на оваа селекција беше јасно дека Сантош нема да добие нов договор.

Искусниот стратег беше поврзуван со неколку репрезентации, но на крајот ја избра Полска за своја следна дестинација во кариерата. Како што јавуваат неколку медиуми, преговорите се веќе во завршна фаза, клучните детали се договорени и останува да се средат уште ситници во следните 48 часа, за договорот за почетни две години да биде официјално потпишан.

Полјаците се пласираа во осминафиналето, но не се прославија со максимално дефанзивната тактика на мундијалот во Катар, па останува да се види колку Сантош ќе успее да внесе поголема амбиција од напаѓачки аспект во селекцијата предводена од Роберт Левандовски.

Се вчитува...