Двајца официјални претставници на американската женска фудбалска репрезентација биле во хотелот каде што се сместени англиските репрезентативки додека овие биле на тренинг. И ништо немаше да биде спорно, ако овие две селекции не се среќаваат во полуфиналето на Светското првнество кое се одржува во Фрнација.
Во суштина, Американците само го проверувале хотелот во кој ќе треба да се сместат ако се пласираат во финалето. Галамата дека шпиунирале ја кренаа англиските медиуми, а имаше реакција од селекторот, Фил Невил кој рече дека е јасно оти не се работи за шпиунирање, но дека сепак на Американците им недостасува етика и дека и американската селекторка не би била среќа кога би била во неговата позиција.
Полуфиналната пресметка меѓуАнглија и САД е закажана за утревечер. Во второто полуфинале се среќаваат Шведска и Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА