Конечно, после пет натпревари без победа во сите натпреварувања, Манчестер Сити попладнево доби еден меч. На гостински терен го совлада тимот на Лестер со 0-2, и со тоа ја прекина црната серија.
Четата на Пеп Гвардиола и на овој меч виде многу мака. Иако брзо поведе, сепак, Лестер имаше шанси да израмни, а откако не успеа во тоа, „граѓаните“ дадоа и втор гол.
Савињо во 21. минута од средбата после добр акција погоди во мрежата на Лестер. Долго време Сити се „мачеше“ да ја запечати победата, а тоа му успеа на Халанд во 74. минута од средбата, кога, Норвежанецот, конечно, после долг пост успеа да постигне гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА