Се случи и тоа – Ибрахимовиќ за првпат се поклони на друг спортист и го спореди со самиот себе

Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 20 години. Познат е по својата голема самобендисаност и по тоа што самиот себе си се смета за своевидно божество.

Сепак, се случи и тоа популарниот Ибра го спореди Новак Ѓоковиќ со самиот себе што е навистина раритетна ситуација.

„Ноле е балканска глава. Кога ќе експлодираш ти оди добро, а кога ќе се налути тогаш игра најдобро што може. Кога Ноле игра и кога ќе се налути ја прикажува својата најдобра игра. Тој е комплетен спортист. Со искуството расте и неговата ментална сила. Ноле е како мене“, изјави Ибрахимовиќ. 

Се вчитува...