Се случи и тоа – Коронавирусот влезе и во белоруската лига

Белоруската е една од ретките во Европа која и покрај пандемијата од коронавирусот се играат фудбалските шампионати. Сепак, еден натпревар од втората лига е одложен поради пандемијата.

Гомел и Арсенал денеска требаше да го играат натпреварот од 4. коло од втората лига во Белорусија, но белоруската фудбалска федерација одлучи да го одлучи натпреварот бидејќи еден фудбалер на гостите е позитивен на Covid-19.

Министерот за спорт на Белорусија изјави дека нема потреба да се суспендира првенството. Покрај Белорусија фудбал во моментов се игра и на Фарските острови, Никарагва, Бурунди, а почна и шампионатот во Јужна Кореја.

Се вчитува...