Се случи и тоа: Стеф Кари заврши меч без постигната тројка

Има спортисти кои ја сменија парадигмата на одреден спорт, а Стеф Кари секако е еден од нив. Леснотијата со која бекот на Голден Стејт Вориорс постигнуваше тројки го промени целиот НБА свет, а тој и Клеј Томпсон за тоа што шутот за три поени стана најважното оружје во НБА.

Кари е апсолутен рекордер по број на тројки во НБА, неодамна стигна до бројката од 3.500 тројки во кариерата, а не можеше да се замисли натпревар на Голден Стејт во кој нема да погоди барем еден шут за три поени.

Тој победата над Портланд ја заврши со само седум поени, а ги промаши сите осум обиди за три поени за да ја прекине својата неверојатна серија. Имено, Кари до синоќа имаше реализирано по една тројка на 268. натпревари кои претходно ги одигра.

Се вчитува...