Марк Маркез и Хорхе Лоренцо ги затоплуваат односите. Релацијата меѓу големите ѕвезди на Мото ГП шампионатот дојде на најниска точка откако Лоренцо јавно го обвини Маркез за излетувањето во првиот круг на неделната трка во Арагон.
Сепак лутите ривали разговарале на телефон, а си напишаа и пристојни пораки на Твитер.
Ривалитетот и непријателскиот однос меѓу Маркез и Лоренцо трае веќе неколку години. Тие континуирано уште од 2013 година имаат во одредени периоди отворено непријателство. Неколкупати имаат и вакви обиди за подобрување на односот.
Маркез и Лоренцо се борат за титулата во „кралската класа“ и оваа година. Помладиот Шпанец има предност од 72 бода во пресрет на петте завршни трки од сезоната.
Recupérate pronto?? Nos vemos en Thailandia!!! https://t.co/dk8ygSqbQV
— Marc Márquez (@marcmarquez93) September 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА