Се снима филм за „лудиот“ претседател: Хесус Хил ќе живее вечно

Телевизиската продукција “HBO Europe” објави дека ќе снима документарен филм во четири продолженија за легендарниот претседател на Атлетико Мадрид, Хесус Хил. Филмот чија премиера се очекува кон крајот на годинава ќе биде со наслов „Пионер“, ќе се осврне на политичкиот живот, како и на спортскиот аспект од кариерата на Хил.

Животот на Хесус Хил е одличен материјал за фасцинантен документарец, пред се бидејќи нашиот карактер е непредвидлива, мултидимензионална и харизматична личност. Најинтересно е што јавноста секогаш му била наклонета, иако тој редовно го прекршуваше законот“ – изјави режисерот на овој документарен филм, Ерних Бах.

Хесус Хил влезе во светот на фудбалот во 1981 година, кога стана акционер во Атлетико Мадрид. Шест години подоцна тој стана и претседател на клубот, по смртта на легендарниот Висенте Калдерон. Во 16-те години на чело на Атлетико тој промени дури 30 тренери, често влегувајќи во војна со ривалите, судиите и челниците на федерацијата.

Се вчитува...