Се составува новиот Вардар: Чупиќ останува „црвено-црн“

Вардар полека но сигурно, со враќањето на Михајло Михајловски на кормилото на црвено-црните, ги составува коцките околу изгледот на тимот за новата сезона по повлекувањето на Сергеј Самсоненко.

По денешниот ангажман на репрезентативецот Томи Јагуриноски, денеска и информацијата од вардаровиот табор дека во тимот за следната сезона останува и десното крило Иван Чупиќ.

Хрватот, кој четири сезони е дел од црвено-црните, се договорил за соработка со Вардар и во следната сезона. Чупиќ изминатиов период во неколку наврати потенцираше дека негова желба е останување во вардаровите редови.

Претходно клубот ги ангажираше Борко Ристовски и Марко Мишевски, а за наредниве денови најавено е продолжување на договорите со уште неколку ракометари.

Се вчитува...