Се спрема шок за Челси – Кол Палмер размислува за трансфер!

Раководството на Челси е на удар на јавноста и на навивачите поради константните промени на тренерите во последните години, но „сините“ се соочуваат со нов огромен проблем – по најавите дека Кол Палмер е незадоволен и сериозно размислува за заминување од „Стемфорд бриџ“.

Најдобриот фудбалер на Челси е разочаран од несериозноста, сметајќи дека честите промени, но и безидејното трошење пари на ново и нови засилувања, имаат само негативен ефект врз атмосферата во тимот. Палмер е решен да го даде максимумот и да помогне за остварување на зацртаните цели до крајот на сезонава под водство на Росениор, но доколку резултатите не се одвиваат како што тој очекува, англискиот репрезентативец е подготвен дури и да поднесе официјално барање за трансфер.

Ваквите најави доаѓаат десетина дена откако беше најавено дека Енцо Мареска е главен фаворит за нов стратег на Манчестер Сити, при што Италијанецот како прва желба во летниот преоден рок би го имал токму капитенот од Челси. Мареска смета дека Палмер и Фоден би функционирале беспрекорно веднаш зад Ерлинг Халанд, а и самиот фудбалер дефинитивно би сакал да биде во тим што атакува на трофеи, особено доколку и сезонава „сините“ се далеку од пехарите во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...