Гарбине Мугуруза своевремено беше најдобра светска тенисерка и двократна шампионка на гранслем турнирите, но шпанската тенисерка поради серијата повреди е принудена на повеќемесечен одмор од „белиот спорт“.
Таа ќе ја искористи паузата за да направи свадба со своето момче Артур Боргес, за кое неодамна обелодени дека прв пат го запознала кога побарал селфи-фотографија со неа во Њујорк.
„Тоа беше пред УС Опен во 2021 година. Ми пријде на улица и ми побара да се сликаме. Се согласил на селфи, а веднаш низ главата ми помина колку е згоден. Почнавме да разговараме, ми се допадна колку е опуштен, но најмногу од се што е човек надвор од тенисот, така што можев без проблем да ги раздвојам приватниот и професионалниот живот“, обелодени Мугуруза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА