„Се тече се се менува, само Новак останува“

Рускиот тенисер, Данил Медведев кој сезоната ја заврши на третото место на светската ранг-листа, направи мал осврт на изминатата сезона, но говореше и за неговите очекувања од 2024 година.

Неговата желба, како што вели, е да продолжи да остане на самиот врв во светскиот тенис, но тоа воопшто не е лесно.

„Тенисот многу пати покажал дека секоја сезона може да биде различна. Стефанос Циципас  играше во финалето на Австралија опен, а од различни причини имаше тежок крај на сезоната, но може да се врати и да ме помине во новата година. Тука се и Синер и Карлос. Единственото нешто во она во што сме сигурни е дека Новак е секогаш во врвот. Јас можам да бидам надвор од Топ 10, но Новак секогаш ќе биде таму. Се надевам дека и во новата година ќе можам да бидам дел од таа топ четири група, кој и да е во тој круг. Ќе се обидам да го направам тоа“, изјави Медведев. 

Се вчитува...