Се „топи“ богатството на газдата на Шахтјор: Од почетокот на војната загубил 9,5 милијарди долари

Престижниот „Форбс“ ја ажурираше листата на светските милијардери, првпат после инвазијата на Русија врз Украина. Сопственикот на Шахтјор Донецк Ринат Ахметов, и натаму останува најбогатиот Украинец, меѓутоа неговото богарство сега се проценува на 4,2 милијарди долари. Во февруари оваа година, пред почетокот на инвазијата, неговото богатство изнесуваше 13,7 милиони, што значи дека од почетокот на инвазијата загубил 9,5 милијарди долари.

И другите сопственици на фудбалски клубови изгубиле дел од своето богатство. Поранешниот сопственик на Днипро, Игор Коломојски од 1,8 милијарди долари, сега се проценува на 1 милијарда. Исто толку има загубено и сопственикот на Ворскла, кој сега се проценува на 1,3 милијарди, наспроти 2,1 милијарди пред почетокот на инвазијата.

Странските играчи во Украина имаат право да си заминат како позајмени до крајот на сезоната, и потоа треба повторно да се вратат во украинските клубови. Но, прашање е дали после агресијата воопшто ќе се врати фудбалот во оваа земја.

Се вчитува...